Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Song of Solomon 8

:
Macedonian - 1990
1 О, да ми беше брат мој, да беше хранет од градите на мајка ми! Тогаш, кога ќе те сретнев на улица, ќе сакав да те бакнам, и немаше да ме осудуваат.
2 Би сакала да те поведам, сакав да те воведам во одајата на мајка ми, во онаа каде што ме одгледала. Ти ќе ме учеше, а јас, пак, ќе те поев со ароматно вино, со сок од моите калинки.
3 Левата рака негова е под главата моја, а со десната ме прегрнува.
4 Ве заколнувам, ќерки ерусалимски, зошто да ја разбудувате и зошто да ја вознемирувате возљубената, сѐ додека сама не посака?!
5 Која е таа, што доаѓа од пустињата, потпирајќи се на својот возљубен? Те разбудив јас под јаболкницата: таму те родила мајка ти твоја, таму те добила твојата родителка.
6 положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт; љубомората лута како пекол; стрелите нејзини се стрели огнени; огнен жар на нејзиниот пламен.
7 Големата вода не може да ја угасне љубовта, и реки нема да ја потопат. Ако некој го дадеше сето богатство на својот дом за љубов, тој би бил отфрлен со презир.
8 Имаме сестра, која е уште мала: уште нема гради; што ќе правиме со сестрата наша, ако дојдат по неа сватови?
9 Да беше карпа, ќе изградевме врз неа и дворци од сребро; да беше врата, ќе ја обложевме со кедрови штици.
10 Јас сум карпа и имам гради како кула; затоа во очите негови јас станав како онаа што нашла мир.
11 Соломон имаше лозје во Ваал-Хамон; тој им го предаде тоа лозје на чувари; секој беше должен да даде за плодовите негови илјада сребреници.
12 А моето лозје си е кај мене. Илјадата нека се за тебе, Соломоне, а двесте за чуварите на плодовите негови.
13 Жителко на градините, другарите го слушаат гласот твој. Дај и јас да го послушам.
14 Побрзај мил мој, и биди како срна и како еленче по гори мирисни!